пречистен текст

Врз основа на член 19 и 29 од Законот за јавни претпријатија Службен Весник на РМ бр.38/96 бр.6/2002 бр.40/2003 и 49/2006 а во согласност со Законот за локална самоуправа Службен весник на РМ бр .5/2002 Управниот Одбор на ЈП “Пазари” Битола на седница одржана на ден
донесе:

С Т А Т У Т
На Јавно претпријатие “Пазари” Битола
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1
Со овој Статут поблиску се уредуваат организацијата,
управувањето и раководењето со претпријатието, дејноста,
општите акти и постапката за нивно донесување, информирањето,
планирањето, како и други прашања од значење за јавното
претпријатие.

Член 2
Јавното претпријатие “Пазари” Битола (во
понатамошниот текст Јавно претпријатие), се основа заради
вршење стопанска дејност која е незаменлив услов за животот и
работата на граѓаните на територијата на општина Битола.
Јавното претпријатие има својство на правно лице, со
своја жиро сметка, а за преземените обврски во правниот промет
одговара со целокупниот имот-целосна одговорност.

ОСНОВАЊЕ
Член 3

Јавното претпријатие со свој акт го основа Општината Битола.
Јавното претпријатие првпат е основано со Решение на Министерството за финансии на НРМ бр.2926 од 09.06.1952 год
како претпријатие со самофинансирање на предлог на Народниот
одбор од Битола.Запишано е во судскиот регистар на Окружниот
стопански суд во Битола со Решение бр.ВЛ 154/78 во состав на
КРО “4-ти Ноември” Битола , во 1990 година регистрирано е како
Опшествено претпријатие “Пазари” Битола, на 15.08 1991 година е
запишано како Акционерско друштво “Пазари “ Битола .
Со Одлука на Советот на Општината Битола бр.07-403
на 28.06.1998 година е основано Јавното Претпријатие “Пазари”
Битола .

ДЕЈНОСТ, ФИРМА, СЕДИШТЕ, ПЕЧАТ, ШТЕМБИЛ И
АМБЛЕМ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО
Член 4
Јавното претпријатие во рамките на своите дејности ги врши
следните дејности :

70.20 – Издавање на сопствен недвижен имот

Член 5
Јавното претпријатие може да ја промени дејноста со:

  • проширување на дејноста
    -воведување на други дејности
    -укинување на одделни дејности
    За сите погоре наведени промени одлучува Управниот Одбор на
    Јавното претпријатие задејностите од јавен интерес надлежниот
    орган при оснивачот на предлог на Управниот одбор на јавното
    претпријатие.

ФИРМА
Член 6
Полното име на фирмата на јавното претпријатие гласи :
Јавно Претпријатие “Пазари” Битола.
Скратената фирма на Јавното претпријатие гласи: ЈП
“Пазари” Битола.
СЕДИШТЕ
Член 7
Седиштето на Јавното претпријатие е во Битола на ул.
Коле Неделковски бб.
ПЕЧАТ , ШТЕМБИЛ И АМБЛЕМ
Член 8
Јавното претпријатие има свој печат, штембил и амблем.
Штембилот има правоаголна форма со димензии 6 х 2,5 см.
со следната содржина:Јавно претпријатие “Пазари”———–2——
год Битола.
Јавното претпријатие има печат со тркалезна форма со
пречник од 2 см. со следната содржина: Јавно Претпријатие
“Пазари” Битола.
Амблемот на претпријатието ја симболизира дејноста на
претпријатието во сина боја.

Член 9
Начинот на употреба, ракувањето, чувањето и
употребата на печатот и штембилот е регулиран со посебен
закон и акт на јавното претпријатието.

ОРГАНИ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ
Член 10
Органи на Јавното претпријатие се:
-Управниот одбор
-Надзорен одбор
-Директор

УПРАВЕН ОДБОР
Член 11

Управниот Одбор се состои од 5 членови кои ги именува
оснивачот имајки ја предвид соодветната правична застапеност
на припадниците на сите заедници.
Член 12
Член на Управниот одбор не може да има лично ,преку
трето лице или по било кој основ интерес во Јавното
претпријатие.
Секој член на Управниот одбор ,како и директорот се
должни да го предупредат основачот за постоењето на ваков
интерес од страна на еден член или повеќе членови на Управниот
одбор.
Управниот одбор од редот на своите членови избира
претседател и заменик на претседателот.
Управниот одбор на Јавното претпријатие има
ингеренции (овластување) да презема мерки што се потребни и
корисни за работата на Јавното претпријатие во согласност со
законот.

Член 13
Управниот Одбор на Јавното претпријатие:
-го донесува Статутот на Јавното претпријатие
-го донесува Деловникот за работа на Управниот
одбор
-ја усвојува Програмата за работа и развој на
Јавното претпријатие
-ја утврдува деловната политика
-ја усвојува годишната пресметка и извештајот за
работа
-одлучува за употребата на средствата остварени
со работењето на Јавното претпријатие и покривање на загубата
-донесува одлука за инвестиционо вложување
-ги утврдува цените на производите и услугите
-Одлучува за внатрешната организациона
поставеност на Јавното претпријатие .
-одлучува во втор степен по приговори
-врши и други работи утврдени со актот за
основање и овој Статут
Секој член на Управниот одбор при гласањето
има 1 глас .
Одлуките на Управниот одбор се сметаат за
донесени ако за нив гласале повеќе од половината на сите
членови на Управниот одбор.
Мандатот на членовите на Управниот одбор
трае 4 години.
Член 14
Јавното претпријатие не може на претседателот
или член на управниот одбор, на претседателот или член на
надзорниот одбор или директорот на јавното претпријатие да им
дава заеми или гаранции за заеми кои тие ги склучиле со трети
лица.
Превземента обврска спротивно на став 1 на овој
член е ништавна и без правно дејство.

НАДЗОРЕН ОДБОР
Член 15
За вршење на контрола на материјално-финансиското
работење на Јавното претпријатие се формира Надзорен одбор
од 5 членови.
Времетраење на мандатот на Надзорниот одбор не може
да биде подолг од четири години.
Членовите на Надзорниот одбор од ставот 1 на овој
член ги именува, односно разрешува основачот.
За членови на Надзорниот одбор можат да се именуваат лица со
високо образование кои поседуваат знаења и искуство особено
од дејноста на финансиското и сметководственото работење.
Членовите на надзорниот одбор за контрола можат да
присуствуваат на седниците на Управниот одбор и им се
доставува покана со сите материјали што им се доставуваат на
членовите на Управниот одбор.
Надзорниот одбор задолжително се состанува најмалку четири
пати годишни.
Надзорниот одбор задолжително ги прегледува годишните
сметки и извештаите за работа на Јавното претпријатие и по
прегледувањето дава свое мислење до Управниот одбор.
Управниот одбор не може да ги усвои годишните сметки и
извештајот за работа на Јавното претпријатие ако претходно не
добие позитивно мислење од Надзорниот одбор.
ДИРЕКТОР
Член 16
Со работата на Јавното претпријатие раководи
Директор кој го избира односно разрешува градоначалникот на
Општина Битола изборот се врши врз основа на јавен конкурс .
Директорот може да определи вработен кој во негово отсуство
го заменува и го води тековното работење на јавното
претпријатие.

Член 17
Директорот се избира со мандат од 4 години.
За директор на јавното претпријатие може да се избере лице кое
покрај општите услови предвидени со закон треба да ги
исполнува следните посебни услови:
-7/1 Степен високо образование
-работно искуство од 2 години

Член 18
Директорот на Јавното претпријатие за својата работа
одговара пред градоначалникот .
Директорот склучува Договор со градоначалникот на општината
за уредување на односите со јавното претпријатие во кој
поединечно се уредуваат правата, одговорностите и
овластувањата согласно закон.
Член 19
Директорот на јавното претпријатие :
-го обезбедува спроведувањето на одлуките и заклучоците
на Управниот одбор
-учествува во спроведувањето на основите на програмата
за работа и развој на Јавното претпријатие и е одговорен за
нејзиното реализирање.
-учествува во утврдувањето на критериумите за
користење и располагање со средствата остварени со работењето
на јавното претпријатие

  • врши усогласување на деловната активност на јавното
    претпријатие
  • врши и други работи во врска со работењето на
    јавното претпријатие.
    8 Член 20 Функцијата Директор е неспоива со функцијата пратеник
    во Собранието наРМ , функција претседател и член на Владата
    на РМ , како ичлен на советот и градоначалник на општината за
    јавните претпријатија основани од општината .
    Член 21
    Директорот , членовите на Управниот одбор и
    членовите на надзорниот одбор , ако извршат односно донесат
    одлука за која знаеле дека ги повредуваат интересите на јавното
    претпријатие , одговараат неограничено и солидарно за штетата
    настаната со таквата одлука .Одговорноста се утврдува согласно
    одредбите од Законот за трговски друштва кои се однесуваат на
    органите на управување. Член 22
    Директорот како застапник е овластен во рамките на
    дејноста на Јавното претпријатие да склучува договори и
    потпишува спогодби ,како и да го застапува јавното претпријатие
    пред судовите и другите органи.
    За склучување на договори и спогодби кои се однесуваат на
    инвестициони вложувања , за деловна технолошко –техничка
    соработка со домашни и странски фирми , директорот е должен
    да побара согласност од Управниот одбор.
    Член 23 За одредени работи и работни задолженија директорот
    може да издава полномошно во писмена форма на други
    вработени лица, а особено заради застапување пред судовите и
    други органи.
    Полномошната се издаваат во писмена форма а може да
    се однесуваат на поединечни работи или одредени видови групи на правни работи. Полномошникот го застапува Јавното претпријатие само во границите на полномошното.

ДРУГИ ОРГАНИ И ТЕЛА
Член 24
За потребите на Управниот одбор како и за извршување
на определени работи од интерес на Јавното претпријатие се
формираат помошни тела –комисии кои можат да бодат
постојани и времени.
Бројот на членовите на комисиите изнесува од 3-5
членови и истите ги избра управниот одбор или директорот
Комисиите од своите редови избираат претседател и заменик на
претседател.
Комисиите работат на седници и нив ги свикува и со нив
раководи претседателот а во негово отсуство заменикот на
претседателот.

Член 25
Директорот на Јавното претпријатие како свое
советодавно тело формира стручен колегиум кој претставува
советодавен, стручен и оперативен орган.
Колегиумот го свикува и со него раководи директорот .

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ НА ЈАВНОТО
ПРЕТПРИЈАТИЕ
Член 26
Внатрешната организациона поставеност на Јавното
претпријатие се заснова и поаѓа од рационалното користење на

средствата и постигнување на поповолни резултати во процесот
на работа .
Внатрешната организација овозможува вршење на сите работи од дејноста на Јавното претпријатие во неговите делови и во целина .
Дејноста на Јавното претпријатие (организирање и стопанисување со пазари на големо и мало на територијата на општината Битола ) се врши во следните организациони делови:
-Сектор за стопанско –сметководствени работи
-Сектор за општо-правни работи и издавање на деловен простор
-Сектор наплата на пазаришна такса
-Сектор за издавање и чување на ваги

АКТИ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ

Член 27
Освен Статутот на Јавното претпријатие во претпријатието се донесуваат и следните општи акти:
-Правилник за систематизација на работните места
-Правилник за организациона поставеност
-Колективен Договор
-Пазарен ред
-Други акти
Актите на Јавното претпријатие мора да бидат во согласност со
Статутот и законските прописи за соодветната областа и
стапуваат во сила осмиот ден од денот на објавувањето на
огласната табла.

СИНДИКАТ

Член 28
Јавното претпријатие е должно да создаде услови за
активностите на репрезентативниот синдикатот во врска со
заштита на правата на работниците утврдени со Закон и
колективен договор.
Активностите на синдикатот не можат да се запрат со
акт на Јавното претпријатие

Член 29
Синдикалните преставници имаат право кај
работодавачот да ги штитат и промовираат правата и интересите
на членовите на на синдикатот.
На барање на синдикатот Јавното претпријатие е должно да
обезбеди навремено и успешно остварување на правата и пристап
до податоците важни за остварување на правата на членовите на
синдикатот.

Член 30
Синдикалниот преставник е заштитен од отказ согласно ЗРО:
-На синдикалниот преставник заради синдикални
активности не може да му се намали платата или да му се откаже
договопрот за вработување.
-На синдикалниот преставник за време на вршење на
должноста ,може да му биде откажан договорот за вработување
само со претходна согласност на синдикатот.
-Ако синдикатот во рок од 8 дена не се изјасни за за давање
или ускратување на сигласноста , се смета дека е согласен со
одлуката на работодавачот.
-Ако синдикатот не даде согласност , согласноста може да
се надомести со судска одлука .
-Заштитата пред отказ за лицата трае цело време за времето на
траењето на мандатот и најмалку 2 години по престанување на
мандатот.
-На работник кој е избран или именуван на синдикална
функција утврдена со статут, а чие вршење бара привремено да
престане да работи во претпријатието му мирува работниот однос
и има право во рок од 5 дена по престанувањето на функцијата
што ја вршел да се врати на работа за вршење на работи кои
одговараат на неговиот степена на стручна подготовка .
Правата на синдикалните преставници и членовите на
синдикатот во Јавното претпријатие се уредуваат во согласност
со оредбите за синдикатот од ЗРО.

ШТРАЈК
член 31
Работниците правото на штрајк го остваруваат во согласност со
Закон и Колективен договор на ниво на Јавно претпријатие.

ДЕЛОВНА ТАЈНА

Член 32
Во интерес за зачувување на безбедноста и успешно работење на
Јавното претпријатие поедини податоци од работењето и
односите во јавното претпријатие претставуваат деловна тајна и
можата да се соопштуваат трети лица на начин пропишан со
закон и посебен акт.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 33
Управниот Одбор на Јавно претпријатие
“Пазари”Битола го донесува овој Статут на ден______2006 година.
13
Член 34
Статутот ќе се смета за донесен ако за истиот гласале
повеќе од половината од сите членови на Управниот Одбор.
Член 35
Сите акти на Јавното претпријатие “Пазари” Битола
ќе се усогласуваат во рок од 60 дена од стапувањето во сила на
овој Статут .
Член 36
Измените и дополнувањата на овој Статут ќе ги врши
Управниот Одбор на начин и постапка како и при неговото
донесување .
Толкувањето на одредбите на овој Статут ќе ги дава
Управниот одбор во консултација со правната служба .
Член 37
Овој Статут влегува во сила и ќе се применува осмиот ден од
добивањето на согласноста од оснивачот.

Член 38
Со денот на стапувањето во сила на овој Статут престанува да
важи Статутот на ЈП “Пазари “ Битола донесен на ден 12.08.1998
година .

Претседател на Управниот Одбор


Тони Велјановски

С О Д Р Ж И Н А
1.ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
2.ОСНОВАЊЕ
3.ДЕЈНОСТ ,ФИРМА, СЕДИШТЕ ,ПЕЧАТ И ШТЕМБИЛ НА
ПРЕТПРИЈАТИЕТО
-ДЕЈНОСТ
-ФИРМА
-СЕДИШТЕ
-ПЕЧАТ , ШТЕМБИЛ И АМБЛЕМ
4.ОРГАНИ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ
-УПРАВЕН ОДБОР
-НАДЗОРЕН ОДБОР
-ДИРЕКТОР
5.ДРУГИ ОРГАНИ И ТЕЛА
6.ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ НА
ПРЕТПРИЈАТИЕТО
7.АКТИ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО
8.СИНДИКАТ
9.ШТРАЈК
10.ДЕЛОВНА ТАЈНА
11.ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ