Новости Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА ВИРУСОТ КОВИД 19

Согласнп мерките за превенција и спречување на ширењето на вирусот КОВИД 19, и вонредната состојба во РС Македонија, се донесува следното соопштение.

  1. Се известуваат корисниците на тезги во градски, реонски пазар и магацините за овошје и зеленчук што ги снабдуваат тезгите:
  • Возилата кои вршат дотур на производи за пазарот ЗАДОЛЖИТЕЛНО да одат на површината кај полигонот, што се наоѓа на влезот на Битола од страна на Прилеп, кај трафостаницата за дезинфекција на возилата. Вработени од ЈП Пазари на полигонот ќе има секој работен ден од понеделник до петок пд 06 до 14ч.
  • Доколку имате потреба за пристигнување со возило надвор од наведеното време ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јавите на тел 070-295-223.
  • Во градскиот и реонскиот пазар е забрането секакво влегување на возила. Дотурот на производи да се извршува само со колички.
  • Робата на тезгите, согласно пазарниот ред, по затворањето на пазарот да биде отстранета од тезгите.

2. За времето на дезинфицирање и чистење на пазарите, вработените од ЈП Пазари, додека траат мерките за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, ги известуваат тезгаџиите за времето за затварање на тезгите.
Секое не почитување на погоре наведените точки од соопштението повлекува кривична и материјална одговпрност.


27.03.2020, Битола, Управа на ЈП “Пазари”

соопштение-ковид-ПАЗАРИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *