Огласи

ИНТЕРЕН ОГЛАС Бр.1 /2021

Врз основа на членовите 30, 48, 49 и 50 од Законот за административните службеници (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 27/14, 199/14 и 11/18), Правилникот за систематизација на работните места во ЈП „ Пазари “број 01-316 / 1 од 10.12.2015 година, ЈП„ Пазари “-Битола објавува:


ИНТЕРЕН ОГЛАС Бр.1 /2021
За пополнување на работни места со унапредување

  1. Раководител на одделение за план и анализа со шифра КДР 01 02 Б04 014 -1 (еден) извршител со исполнување на следниве посебни услови;
    • ниво на квалификации VI А според Mакедонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII / 1 степен, економски науки
    • работно искуство и тоа – најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;
    • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
    • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
    • положен испит за административно управување.
      Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:
    • да е државјанин на Република Северна Македонија,
    • активно да го користи македонскиот јазик,
    • да е полнолетен,
    • да има општа здравствена способност за работното место и
    • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
      На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во ЈП ,,Пазари’’ Битола кој ги исполува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво со Законот за админстративни службеници и Правилникот за систематизација на работните места, при ова административниот службеник треба да ги исполува и следните услови:
    • да е оценет со оцена ,,A’’ или ,,Б’’ при последното оценување,
    • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
    • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
    • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
      Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите услови, можат да ги приложат и следните докази:
    • потврди за успешно реализирани обуки и/или
    • потврди за успешно реализирано менторство.
      Работното време е распоредено во една смена и трае 8 часа дневно.
      Дневното работно време е од 7,00 до 15,00 часот.
      Неделното работно време е 40 (четириесет) часа.
      Паричниот износ на основната плата за работното место изнесува 35.910денари во Бруто износ.
  2. Раководител на одделение за за општи и правни работи со шифра КДР 01 02 Б04 076 -1 (еден) извршител со исполнување на следниве посебни услови;
    • ниво на квалификации VI А според Mакедонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII / 1 степен, економски науки, правни науки
    • работно искуство и тоа – најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;
    • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
    • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
    • положен испит за административно управување.
      Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:
    • да е државјанин на Република Северна Македонија,
    • активно да го користи македонскиот јазик,
    • да е полнолетен,
    • да има општа здравствена способност за работното место и
    • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
      На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во ЈП ,,Пазари’’ Битола кој ги исполува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво со Законот за админстративни службеници и Правилникот за систематизација на работните места, при ова административниот службеник треба да ги исполува и следните услови:
    • да е оценет со оцена ,,A’’ или ,,Б’’ при последното оценување,
    • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
    • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
    • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
      Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите услови, можат да ги приложат и следните докази:
    • потврди за успешно реализирани обуки и/или
    • потврди за успешно реализирано менторство.
      Работното време е распоредено во една смена и трае 8 часа дневно.
      Дневното работно време е од 7,00 до 15,00 часот.
      Неделното работно време е 40 (четириесет) часа.
      Паричниот износ на основната плата за работното место изнесува 35.910денари во Бруто износ .

Рокот за поднесување на пријавата со доказите по огласот трае 5(пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас.
Пополнетата пријава и доказите за податоците по огласот содржани во пријавата кандидатите треба да ја поднесат во писмена форма преку Архивата на претпријатието
Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.
НАПОМЕНА – Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

Директор
М-р Владо Атанaсовски

prijava

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *