Надзорен Одбор
Николче Шарковски
36 години од Битола, Република Северна Македонија.
Додипломски и постдипломски студии завршил на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Правен факултет, со стекнато звање магистер на правни науки.
Во 2013 година положил Правосуден испит во Република Северна Македонија, а во 2025 година е примен во Адвокатската комора на Република Северна Македонија.
Работно искуство стекнува како адвокат од 2025 година до денес во Адвокат Ангелина Јошевска – Битола. Претходно, во периодот од 2023 до 2025 година, работел како раководител на правен сектор во АОБД Минт Инс АД Скопје, а од 2019 до 2023 година како правник во ОБД СН Осигурителен брокер АД Битола.
Поседува вештини од областа на правна анализа и застапување, заштита на лични податоци, спречување на перење пари и финансирање тероризам, присилна наплата, како и човечки ресурси, комуникација и организација.
Зборува англиски јазик и има познавање од правни и информатички технологии.
Деанчо Јовановски
Роден на 10.04.1984 година во Битола. Живее на ул. Индустриска бр. 11, Битола.
Има завршено високо стручно образование (ВСС), четиригодишни студии, дипломиран економист на Економскиот факултет во Прилеп, насока економија на претпријатија. Поседува десетгодишно работно искуство во ЈП „Стрежево“, каде работел како советник за набавки во секторот за комерцијално работење.
Зборува англиски јазик.
Милена Спировска
Родена на 06.01.1985 година во Битола. Средно образование завршила во Средното економско училиште „Јане Сандански“ – Битола.
Додипломски студии завршила во 2007 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Економски факултет – Прилеп, отсек сметководство, финансии и ревизија.
Магистерските студии ги завршила на Економскиот факултет – Прилеп, со стекнато звање магистер по сметководство, финансии и ревизија.
Моментално е вработена како раководител на одделение за сметководство и финансова оператива во ЈП „Комуналец“ – Битола.
Контакт: milena_s5@hotmail.com