Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipiscing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa cum sociis Theme natoque.

Управен одбор

Бранка Стојаноски

Претседател на Управен одбор

Завршено средно образование во гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, а високо образование стекнала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Специјалист е по план и анализа во економијата.

Својата професионална кариера ја започнува како приправник во книговодство, по што напредува низ повеќе позиции, меѓу кои: комерцијален референт, референт за пресметка на камати и аналитика, како и комерцијален директор и претседател на Управен одбор во фабрика за шеќер.

Понатаму, работи како раководител во ФПИОМ – Филијала Битола, каде е наградена како најдобар раководител меѓу сите филијали во рамки на Фондот.

 

Била член на Комисијата за здружување на некогашните ООЗТ во Комбинатот ЗИК Пелагонија, во процесот на нивно трансформирање во правни субјекти од областа на индустријата и земјоделието, како и при формирањето на интерна банка. Исто така, била член на Асоцијацијата на шеќерани во Белград (во поранешна Југославија).

Активно учествувала и во локалната заедница како претседател на Урбаната заедница „Благојче Сиљановски“, како и во бројни општествено-корисни иницијативи и настани во градот.

 

Наталија Кајчевска

Заменик претседател на Управен одбор

Завршено средно образование во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола (поранешно ЕМУЦ „Ѓуро Салај“ – Битола). Дипломирала на Техничкиот факултет во Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, насока општо машинство, а потоа се стекнала и со звање магистер по машинство, насока енергетско машинство, на истиот факултет.

 

Моментално е вработена во ЕСМ – Подружница РЕК Битола, ПЕ Термоелектрани, на позиција одговорен инженер за координација во Секторот за електро-машинско одржување.

 

Драгица Талевска

Член на Управен одбор

Средно образование завршила во ДСМУ „Панче Караѓозов“ – Скопје, насока фармацевтски техничар. Високо образование стекнала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, насока прехранбена биотехнологија.

Работно искуство: фармацевтски техничар во приватни аптеки (1998–2008), МЗШВ – ПЕ Битола (2008–2011), а од 2011 година работи во АХВ – ПЕ Битола, во секторот за инспекциски надзор.

 

Јасмина Бошевска

Член на Управен одбор

Родена на 12.04.1977 година во Охрид. Средно образование завршила во СОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид (општа гимназија), а високо образование на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

 

Вработена како одделенски наставник во ООУ „Гоце Делчев“ – Битола.
Контакт: jasmina.bosevska@yahoo.com

 

Мартина Мишевски

Член на Управен одбор

Родена на 13.03.1993 година во Битола. Средно образование завршила во СОУ „Таки Даскало“ – Битола, насока графички техничар. Високо образование стекнала на Биотехничкиот факултет – Битола, насока менаџмент во биотехниката.

Моментално е вработена во ДООЕЛ „Мишевски Комерц“.

 

Христина Трајкова Никлеска

Член на Управен одбор

Дипломиран правник и магистрант по граѓанско право, родена на 21.08.1988 година во Битола. Дипломирала на Универзитетот ФОН – Скопје, а магистерските студии ги продолжува на Меѓународниот славјански универзитет – Битола.

 

Од 2016 година работи во АД „Македонска пошта“ на правни и општи работи, а од 2025 година е шеф на економско-правна служба. Од 2026 година е член на Управниот одбор на ЈП Пазари – Битола.

Се одликува со висока одговорност, организациски и комуникациски вештини и континуиран професионален развој.

 

Елена Мирчевска Настевска

Член на Управен одбор

Родена на 14.01.1997 година. Средното образование го завршила во гимназијата „Крсте Петков Мисирков“ – Демир Хисар. Дипломирала на Биотехничкиот факултет, насока квалитет и безбедност на храна.

 

Од 2019 година е вработена во компанијата Luthman Backlund Foods, каде започнала како технолог во производство. Од 2024 година работи како контролор на квалитет, со одговорности за мониторинг, имплементација на HACCP стандарди и контрола на квалитетот.