Јавно претпријатие „Пазари“ – Битола
За многу посетители, разгледувањето на Битола е насочено кон посета на старата битолска чаршија со централниот градски пазар, локација која претставува историското наследство.
Јавното претпријатие Пазари Битола е основано во 1952 година како претпријатие со самофинансирање. Во рамките на својот делокруг на работа врши издавање на сопствен недвижен имот. ЈП Пазари Битола е во сопственост и располага со 4 пазари и тоа маас пазар во централно гадско подрачје, нов реонски пазар, зелен пазар и сточен пазар. Располага со недвижен имот со над 1365 м2 и тоа административна зграда, 25 деловни објекти од кои 3 слободни и 22 издадени, 600 продажни места во форма на тезга за продажба на земјоделски производи и текстил. Пазарот во централно градско подрачје е распространет на 7000 м2 во центарот на Битола.
Јавното претпријатие Пазари Битола е во сопственост на единствениот јавен градски пазар во регионот а со тоа и граѓаните на тие општини го користат како единствена можност за продавање на своите производи и единствен начин за равој на малиот бизнис од кој според нашите анализи егзистираат над 600 фамилии односно повеќе од 2000 граѓани во регионот. Јавното претпријатие Пазари Битола е локација каде граѓаните од 4 општини се насочени за продажба и за купување на земјоделски и други производи.
Основна дејност е обезбедување непречени услови за работа на клиентите но исто така и обезбедување и подобрување на условите од својата дејност за граѓаните.
Според анализите направени во неколку периоди во централното градско подрачје, односно маас пазар во пазарен ден фреквенцијата на граѓани достигнува и до 2000 посетители во 1 ден. Со тоа вкупен број на посетители во пазарните денови односно граѓани и клиентите кои користат простор под закуп за продавање на производи достигнува над 2 500 граѓани додека во не пазарни денови фреквенцијата на граѓаните кои гравитираат во централниот градски пазарен регион достигнува до 1000 граѓани.