Директор

Роден 27.11.1984 год. основно и средно образование завршува во Битола. Во 2003 год. се запишува на Факултетот за Туризам и Угостителство Охрид-отсек Осигурување при Универзитетот Св.Климент Охридски Битола,каде се стекнува со назив Дипломиран менаџер по осигурување.
Во 2016 год.се запишува на посдипломски студии на Економски Факултет при Универзитетот за Туризам и менаџмент во Скопје, каде при одбрана на магистерскиод труд “Компаративна анализа на даночните системи во ЕУ и ЈИЕ во функција на постигнување одржливост на даночниот систем“ се стекнува со назив Магистер по Економија.
Своето 14 годишно работно искуство целосно го стекнува во приватниот сектор, претежно на раководни позиции покажувајќи одлични резултати. На 18.08.2022 год. од страна на Градоначалникот на Општина Битола е именуван за В.Д.Директор на ЈП Пазари-Битола каде се задржува се до денес. Зборува македонски и англиски јазик.