70 години јубилеј🏅
МАAС Пазар
За многу посетители, разгледувањето на Битола е насочено кон посета на старата битолска чаршија со централниот градски пазар, локација која претставува историското наследство.
Јавното претпријатие Пазари Битола е основано во 1952 година како претпријатие со самофинансирање, тоа е локација каде граѓаните од 4 општини се насочени за продажба и за купување на земјоделски и други производи.
Основна дејност е обезбедување на непречени услови за работа на клиентите, но исто така и обезбедување и подобрување на условите од својата дејност за граѓаните.
Според анализите направени во неколку периоди во централното градско подрачје, односно маас пазар во пазарен ден фреквенцијата на граѓани достигнува и до 2000 посетители во 1 ден. Со тоа вкупен број на посетители во пазарните денови односно граѓани и клиентите кои користат простор под закуп за продавање на производи достигнува над 2 500 граѓани додека во непазарни денови фреквенцијата на граѓаните кои гравитираат во централниот градски пазарен регион достигнува до 1000 граѓани.
Денес, претпријатието слави ЈУБИЛЕЕН роденден или 70 години од постоењето на Пазарот.
По тој повод, ве носиме низ времето некогаш и сега, Маас Пазар Битола!!
Упатуваме голема благодрност до нашите спонори и помагатели на настанот, кој се случува денес на 09.06.2022г во 12ч. пред Управната зграда.
✨Стопанска Банка АД Битола
✨Слоу Фуд Битола
✨Банка за храна
✨Слаткарница Сагар
✨Кам Дооел
✨Премиум Пиво Битола
✨Графопром
✨КУД Илинден Битола